Политички партии

СДСМ: Скандалозно е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува видео снимката на Мицкоски, Чулев да носи заклучоци кои се штетни

Залудни се обидите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, да ја убедат јавноста дека видео снимката е стара и дека нивниот шеф Мицкоски не ги почитува мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Скопје, 29 април 2020

Залудни се обидите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, да ја убедат јавноста дека видео снимката е стара и дека нивниот шеф Мицкоски не ги почитува мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Иако датумот кога е направена видео снимката се уште не е утврден од страна на полицијата, Чулев ја затвори истрагата и побрза случајот да го објави во јавноста.

Утврдување на датумот на видео снимката е клучно за да се утврди дали Мицкоски, во придружба на командантот на единицата „Тигри и уште еден полициски работник, посетувал теретана во време кога на сила се забраните против коронавирусот.

Но и оваа груба лага не го покрива неодговорното и арогантно однесување на Мицкоски.

Граѓаните не забораваат дека и претходно, исто во период на забрана за работа на теретаните, во медиумите се појави фотографија како Мицкоски со спортска торба излегува од фитнес центар, а потоа призна дека бил во посета, но само да ја земе торбата која му останала таму. И овој случај е завршена приказна за Чулев без да ја извести јавноста што навистина барал Мицкоски таму.

Последниот случај со видео снимката на Мицкоски и на командантот на „Тигрите“, Бисовски е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски.

Злоупотребата на Чулев и Мицкоски на клучна институција за лични и партиски интереси е класична одлика на однесување на ВМРО-ДПМНЕ и е неприфатливо.

Скандалозно е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува снимката, министерот да носи заклучоци кои се штетни за правната држава и за владеење на правото.

СДСМ, граѓаните, јавноста, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ повторно да го претвори МВР во МВРО-ВМРО.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close