Политички партии

СДСМ: Се остварува стратешката цел на државата, стануваме 30 земја членка на НАТО

Самитот на НАТО во Лондон ја потврди Република Северна Македонија како 30 земја членка на Алијансата. 

Скопје, 4 декември 2019

Самитот на НАТО во Лондон ја потврди Република Северна Македонија како 30 земја членка на Алијансата.

По успешната ратификација на Протоколот за пристапување во 28 земји членки, останува уште само ратификацијата од страна на Шпаниија, по што Северна Македонија и официјално станува 30 земја членка на НАТО.

Тоа е реализација на една голема и важна стратешка цел, сонот на генерации граѓани се остварува, целосно е заокружена цел поставена уште од Денот на независноста на државата.

Рамо до рамо со светските лидери, во најмоќниот свтетски сојуз.

Влезот во НАТО значи трајно обезбедување на стабилноста, сигурноста и безбеденоста, но влезот во НАТО значи и можност за дополнителен економски раст, нови инвестиции, освојување нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места.

Сето тоа значи повеќе пари за граѓаните.

На прав пат сме, од заробена, изолирана држава денес сме партнер на регионот и демокартскиот свет, со сигурна и стабилна иднина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close