Политички партии

СДСМ: Просечната плата во ноември 2019 поголема за 5,1 отсто, со СДСМ платите растат постојано

Успешните економски политики на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Факт е дека платите се зголемуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври 2019 година изнесува 25.787 денари, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2018 година.

Скопје, 23 јануари 2020 

Успешните економски политики на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Факт е дека платите се зголемуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври 2019 година изнесува 25.787 денари, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2018 година.

Со СДСМ, платите растат постојано и многу побрзо. За последниве две и пол години просечната нето плата е зголемена за речиси 3.000 денари.

За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари.

Со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со младинскиот додаток на плата од 3.000 денари за млади вработени во производство и предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат раст на платите и повисок животен стандард за граѓаните.

Остануваме посветени на концептот повеќе пари во секое семејство.

Со почит,

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

                  

Back to top button
Close
Close