Политички партии

СДСМ: Пропаднатиот Мицкоски се плаши од граѓаните и затоа бега од избори

За СДСМ како одговорна и државотворна партија врвен приоритет биле и се заштитата на интересите на граѓаните и државата.

Скопје, 17 мај 2020 (МИА)

За СДСМ како одговорна и државотворна партија врвен приоритет биле и се заштитата на интересите на граѓаните и државата.

Благодарение на брзата и навремена реакција вклучително и сите мерки кои се презедоа, нашето  јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата.

Втора брза и навремена реакција претставуваат мерките и политиките кои овозможуваат брза трансформација на економијата и што е можно побрз процес на опоравување на економијата.

Сега потребни се избори заради здравјето на граѓаните, новата економија и демократски, целосно функционални институции со полн легитимитет.

Избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето е одговорно.

Очигледен е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од избори затоа што се плашат од соочување со граѓаните.

Сакаат неизвесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.

СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.

СДСМ била и останува на страната на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close