Политички партии

СДСМ: Продолжуваме со мерки за повисоки плати за работниците

Субвенционирањете на придонесите досега ги зголеми платите на над 106.000 вработени во 20 илјади компании. СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат добро платени работни места и повисоки плати за работниците.

29 јануари 2020

Субвенционирањете на придонесите досега ги зголеми платите на над 106.000 вработени во 20 илјади компании.

СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат добро платени работни места и повисоки плати за работниците.

Мерката за субвенционирање на придонесите на платитите за компаниите што ќе им ја зголемат платата на вработените од 600 до 6.000 денари покажува одлични резултати.

За 2,5 месеци над 106.000 вработени добиваат поголема плата, а се очекува раст на бројот на вработени со повисоки плати.

За мерката, за која во буџетот се предвидени 39 милиони евра, досега аплицирале над 20 илјади компании.

СДСМ инвестира во човечкиот капитал, во граѓаните и создавање на подобри услови за живот и повеќе пари во семејните буџети.

На прав пат сме!

 

                                                                 СДСМ
                                               Центар за комуникации со јавноста

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close