Политички партии

СДСМ: Преку Фондот за иновации поддржани 314 компании со 57 милиони евра

Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати, обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, повисоки приходи, поголеми плати, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани. Во 2019 година преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) беа поддржани 314 компании, со вкупно 57 милиони евра.

1 февруари 2020
Со економските мерки на СДСМ поддржани 314 компании со 57 милиони евра
Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати, обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, повисоки приходи, поголеми плати, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани. Во 2019 година преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) беа поддржани 314 компании, со вкупно 57 милиони евра.
Поддршката за компаниите преку ФИТР, за 2,5 години е зголемена за 50 пати, во однос на 2017 година кога преку фондот, биле поддржани само триесетина компании, и тоа со околу еден милион евра.
Истовремено се забележува вистински пресврт во работењето на компаниите поддржани од фондот за иновации и технолошки развој. Тие бележат, просечен пораст на добивката од 60%, просечен пораст на приходите од 50%, зголемен број на работници за 27% и покачување на просечните плати за 40%.
СДСМ ќе продолжи со реализација на мерките и политиките за помош на компаниите и релаксирање на условите за работа и по 12 април.

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close