Политички партии

СДСМ: Пратеничкиот состав на СДСМ во Собранието донесе историски одлуки

Пратеничкиот состав на СДСМ и коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија, работеше посветено и за само три години, донесе низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот и напредокот.  

Скопје, 19 февруари 2020

Пратеничкиот состав на СДСМ и коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија, работеше посветено и за само три години, донесе низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот и напредокот.

Последен и најзначаен пример за тоа е усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, со што се  заокружија  реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што се постави темелот на судските реформи, поддржани и од нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД.

Се создадоа услови за градење на силна правна држава, ослободена од притисоци, ослободена од политички влијанија.

Ратификувањето на Договорот  од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги затворија  децениски отворените  прашања и се  отворија европските перспективи.

Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор, најважниот меѓународен документ во историјата, ја обезбедивме иднината во НАТО

Во насока на  унапредување на демократијата и заштита правата на граѓаните беа донесени низа законски решенија од повеќе области.

Беше усвоен Закон за заштита од дискриминацијата, кој е пример како се подготвува закон во соработка со невладиниот сектор.

Преку сосема нов Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси се  унапреди законската регулатива за борбата против корупцијата.

Собранието  обезбеди  избор на  нов и целосно независен состав на Државната комисија за спречување  на корупцијата,законска регулатива која обезбеди реформа во безбедносниот сектор, унапредување на ефикасноста и квалитетот на безбедносните структури, но и заштита на граѓаните од злоупотреба и прекршување на човековите права како што беше масовното прислушување во времето на режимот.

Од исклучително значење е дека законите за агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно разузнавачка заедница, за следење на комуникациите, за оперативно техничка агенција , кои се основата на реформите во безбедносниот сектор, беа донесени заедно со опозицијата.

Парламентарниот состав на СДСМ и коалицијата  покажа одлучност во  намерата Република Северна Македонија да стане европска држава со европски вредности.

На тој пат продолжуваме и по победата на 12 април.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close