Политички партии

СДСМ: Осудени насилници и криминалци како Ангелов – Ќосето го поддржуваат Дурловски, се покажува – листите на ВМРО-ДПМНЕ се одобрени лично од Груевски

Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, кандидатската листа е истата груевистичка кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад.

Скопје, 12 март 2020

Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, кандидатската листа е истата груевистичка кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад.

Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупцијата, изолација, лажни вести.

Кандидатите како Силјановска Давкова или Дурловски се сејачи на омраза и поттикнувачи на поделби.

Дури и осудени насилници како Горан Ангелов Ќосето јавно застанаа зад Дурловски со кого најверојатно се блиски по насилствата што ги извршија на 27 април.

Дурловски и самиот поддржува осудени насилници и криминалци криејќи се зад превезот на лажен патриотизам.

Таква е понудата на ВМРО ДПМНЕ насилничка, режимска, криминална и измамничка!

ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на насилството, криминал и режим и затоа со таква понуда ги чека сигурен пораз на 12 април.

Граѓаните не сакаат и нема да дозволат враќање назад, не сакаат и нема да дозволат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина.

Затоа на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close