0_Македонија.ПорталПолитички партии

СДСМ: Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови

ВМРО-ДПМНЕ е против отписот на каматите на долговите што ги имаат граѓаните, затоа на 12 април ќе доживеат нов пораз

24, јануари 2020

ВМРО-ДПМНЕ е против отписот на каматите на долговите што ги имаат граѓаните, затоа на 12 април ќе доживеат нов пораз

 ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги блокира сите проекти и законски решенија во интерес на граѓаните, а сега тоа го прави со опструкција на работењето на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија.

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ е против тоа трошоците на граѓаните да се намалуваат.

Овие мерки ќе им помогнат на граѓаните да се ослободат од долговите и каматите за нив и ќе овозможат подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ е против тоа.

Тие се нов почеток за сите, после систематското уништување на државата во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и за рехабилитација на институциите.

Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе се изјаснат против сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 Со почит,

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close