0_Македонија.ПорталПолитички партии

СДСМ: Оперативниот план за вработување со буџет од 1,45 милијарди денари опфаќа над 11.500 лица, продолжуваат мерките за намалување на невработеноста

СДСМ посветено и континуирано работи на намалување на невработеноста и отворање нови работни места.

Скопје, 27 јануари 2020
СДСМ посветено и континуирано работи на намалување на невработеноста и отворање нови работни места.
 
Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи над 11.500 невработени лица.
 
За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.
 
Оперативниот план овозможи за 2,5 години да се вработат речиси 60.000 лица, со што стапката на невработеност се намали за 5,5 отсто, на рекордно ниски 17,1 проценти.
 
Самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо и во 2020 година очекуваме  стартување  на нови 1.364 микро бизниси.
 
Оперативните мерки и во 2020 година обезбедуваат спроведување на обуки и доквалификации за невработените граѓани, со фокус на младите луѓе.
 
Мерките кои досега беа креирани и имплементирани даваат резултат, тоа го потврдува намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица, која што изнесува 35,3% споредено со 2016 година кога изнесуваше 48,6%.
 
Оперативните мерки предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.
 
Значајна сума од средствата за 2020 година се издвојуваат за субвенционирање на плати, вработувања и раст на компаниите, за обуки во информатичката технологија и други видови обуки кај работодавачите.
 
СДСМ нуди силна поддршка за вработување и за отворање на нови работни места, бидејќи решавањето на прашањето на вработувањето со достоинствено работно место е приоритет за сите граѓани.
 
Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За нас секој граѓанин е важен.

Одговор на новинарско прашање од денешнта прес конференција на пратеничката Јагода Шахпаска – реакција на прес конференцијата на Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ

 П: Ваш коментар за обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за хиперпродукција на лиценци за фабрики за производство на канабис за медицински цели

Издавањето на лиценци за производство на канабис е последица на важечкото законско решение, кое што владата на ВМРО-ДПМНЕ го донесе во законодавниот дом преку пратениците во февруари 2016 година. Ние сметаме дека не е проблем ако повеќе фирми се занимаваат со производство на канабис и конкурираат на пазарот на трудот слободно, за разлика од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ практицираше власт и кога производството на канабис го даваше на неколку фирми кој што беа блиски до политиките на тогаш владејачкото мнозинство. Tака што сметаме дека е потребна либерализација и вклучување на повеќе производители.

Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close