Политички партии

СДСМ: Обвинението потврдува, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април

Скопје, 11 јануари 2020

Скопје, 11 јануари 2020

Обвинението потврдува, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април, Мицкоски не се оградува од насилниците

Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието.

Тоа се личности соработници на Никола Груевски, а денес соработници на Христијан Мицкоски

Мицкоски не само што не се огради од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ, но и неговиот ментор од Будимпешта до ден денес јавно ги поддржуваат.

27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во ликот и делото на Христијан Мицковски.

Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!

27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има.

Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април.

Центар за комуникации на СДСМ

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close