Политички партии

СДСМ: Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ може да учи економија

Економските мерки и политики на СДСМ даваат резултати, пад на невработеноста во вториот квартал годинава на 16,7 отсто, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ може да учи економија, велат од СДСМ.

Скопје, 4 септевмри 2020 (МИА) – Економските мерки и политики на СДСМ даваат резултати, пад на невработеноста во вториот квартал годинава на 16,7 отсто, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ може да учи економија, велат од СДСМ.

– Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лажни вести и неоснована паника, официјалните податоци ги разбиваат нивните конструкции. Стапката на невработеност во вториот квартал од оваа година, според официјалните податоци на Заводот за статистика е намалена на 16,7 отсто, во однос на минатата година кога изнесуваше 17,3 отсто, потецираат од СДСМ.

Тие додаваат дека намалувањето на невработеноста во периодот април-јуни годинава, на почетокот на пандемијата со коронавирусот во државата непобитно ја потврдува ефикасноста на антикризните мерки, што ги презеде Владата предводена од СДСМ и ги демантира тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНе дека илјадници граѓани останале без работа.

– На почетокот на кризата со коронавирусот, СДСМ одговори со директни мерки за поддршка за секое работно место и бизнисите што се соочија со тешкотии во работењето и со првиот пакет мерки беа опфатени секторите најпогодени од кризата со корона вирусот. Продолживме со вториот пакет мерки со кој овозможивме директна помош за лична потрошувачка и со одложување, односно, пролонгирање на финансиските обврски на граѓаните и фирмите, велат од владечката партија.

Со третиот пакет вреден 355 милиони ЕУР,  наменет за 730.000 корисници според СДСМ се  спроведени мерки за спречување на сериозно намалување на приходите во туризмот и поттикнување на потрошувачката на домашни производи.

– Новата владата го подготвува и наскоро ќе го реализаира четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди нова финансиска поддршка, пред се за пензионерите со ниски пензии, самохрани родители, невработените баратели на работа. Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по нејзиното завршување ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно како што тоа го правевме во изминатите 3 години, посочуваат од СДСМ.

Целта на СДСМ, додават, е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот на новата влада. оџ/са/

 

 

Back to top button
Close
Close