Политички партии

СДСМ: На ВМРО му пречи што ковид пациентите во државата ќе имаат можност да користат најсовремена и најскапа терапија

ВМРО-ДПМНЕ и во вакцинација гледа политика, вакцините против корнавирусот се набавуваат преку три механизми

Скопје, 29 јануари 2021

ВМРО-ДПМНЕ и во вакцинација гледа политика, вакцините против корнавирусот се набавуваат преку три механизми

На ВМРО-ДПМНЕ му пречи што ковид пациентите во државата ќе имаат можност да користат најсовремена и најскапа терапија т.н. моноклони антитела, специфична за вирусот СарсКов2.

На ВМРО-ДПМНЕ му се допаѓало или не, Министерството за здравство пред два дена испрати писмо до Европската комисија за резервација на оваа најсофистицираната моноклона комбинирана терапија, бидејќи приоритет на Владата предводена од СДСМ и министерот д-р Венко Филипче е квалитетна здравствена заштита на граѓаните.

Само ВМРО ДПМНЕ може да види политика и во вакцинацијата, па што да се очекува од партија која и сопствениот народ го подели на патриоти и предавници.

Докторката Јадранка Поцкова како лекарка треба да знае дека ЕМА И ФДА немаат свои вакцини, бидејќи тие не се производители, туку регулаторни тела. Недозволиво е ваков податок да излез од уста на лекар, па дури и текстот да го пишувал Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ како по обичај и денеска излажа дека сите земји добиле како што вели Поцкова „по неколку тури вакцини“, вакцинацијата во Европа почна на 28 декември, а во многу земји е прекината поради глобалниот притисок со достава и производство на вакцини.

Имунизацијата во земјава ќе почне во февруари. Додека владата предводена од СДСМ и министерот за здравство д-р Венко Филипче вакцини набавуваат по три механизми – Ковакс, во директни преговори со производителите и преку солидарниот фонд на ЕУ, ВМРО ДПМНЕ се задолжени за евтин театар.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Таг
Back to top button
Close
Close