Политички партии

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им останаа само лажните вести

На ВМРО-ДПМНЕ им останаа само лажните вести, вистинските ќе им стигнат на 12 април кога ќе се соочат со убедлив пораз од граѓаните

Скопје, 3 март 2020

На ВМРО-ДПМНЕ им останаа само лажните вести, вистинските ќе им стигнат на 12 април кога ќе се соочат со убедлив пораз од граѓаните

На ВМРО-ДПМНЕ не му остана ништо освен лажните вести кои ќе се зголемуваат како што ќе наближува нивниот извесен пораз на 12 април.

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да измислува информации, да креира непостоечки случаи и на прес конференции да ги пласира како лажни вести кои веднаш се демантирани.

Со месеци од белиот дворец лажеа за наводни криминални тендери во здравството, за кои Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пред неколку месеци донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство.

Потоа истото го правеа и со болницата во Штип и повторно лагите им беа разоткриени.

Деновиве, очајно се обидуваат да конструираат непостоечки случај за министерот Венко Филипче.

Затоа, ги повикуваме институциите да ги истражат овие лажни наводи на ВМРО-ДПМНЕ со што на виделина ќе искочи уште една од низата лаги и измислици од белиот дворец.

Уште 40 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе шират лажни вести на секоја тема, а вистинските ќе им стигнат на 12 април кога ќе се соочат со убедлив пораз од граѓаните.


Центар за комуникации со јавноста на
СДСМ 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close