Политички партии

СДСМ: Мизрахи исполнува нарачки на Груевски и Мицкоски

Јавноста деновиве на дело гледа што значи враќањето  назад за кое постојано зборува извршителот Христијан Мицкоски.

Скопје, 10 февруари 2020 

Јавноста деновиве на дело гледа што значи враќањето  назад за кое постојано зборува извршителот Христијан Мицкоски.

Министерката во преодната Влада, Рашела Мизрахи, кадар на Никола Груевски и послушничка на Мицкоски го крши Уставот и го погазува историскиот Договор од Преспа.

Однесувањето на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителните заменици министри, ги проблематизираат односите со соседите и прави директна штета на стратешките цели на нашата татковина,а тоа се  членството во ЕУ и НАТО.

При стапување на функција Мизрахи даде заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Истата таа Мизрахи нема проблем со уставното име кога прима плата од Буџетот на Република Северна Македонија, но наводно има проблем кога треба да одработи за Мицкоски и Груевски.

Мизрахи треба да знае дека нејзиниот мандат во преодната влада е во функција на слободни и демократски избори и ништо повеќе,  а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски против ЕУ и НАТО.

Договорот од Преспа го овозможува нашето членство во НАТО и ЕУ и секое негово загрозување е на директна штета на врвните национални интереси на државата и на сите граѓани.

Без Договорот од Преспа нема ЕУ, нема НАТО. Без Договорот нема пристап до европски фондови, нема стабилност, нема нови странски инвестиции,нема подобар живот за младите.  Има само изолација, несигурност и неизвесност.

Со непочитувањето на Договорот од Преспа ВМРО-ДПМНЕ сака да ги загрози политичките и економските односи со Грција, да предизвика нови економски и политички блокади, и да не врати децении назад во излација и нови неизвесни преговори.

Но тоа, СДСМ, граѓаните и  демократските сили кои што се на една страна, нема да го дозволат.

Нема враќање назад. Тој филм Мицкоски нема да го гледа.

Државата ќе продолжи напред кон полноправно членство во НАТО за неполн месец и членството во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи, Мицкоски и Груевски ќе доживеат нов пораз на овие антидржавни и анти европски политики на 12 април.

Граѓаните повторно ќе ги казнат овие политики и ќе потврдат дека сме на прав пат, пат на прогресот, интерграцијата и економскиот раст на државата.

Граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

П: Вчера на владина седница беа укинати 89 распоредувања од министерот Наќе Чулев дали имате информација кое е образложението, зошто, бидејќи тој сега испрати соопштение каде прашува дали премиерот Спасовски би понел одговорност доколку се загрози државната безбедност со тоа што ги укинува, и вели испратил телеграма до сите да ја почитуваат неговата наредба?

Поставувањето на техничките министри во оваа Влада и заменици навистина ги освежи сеќавањата на граѓаните кои што ги имаа во време на режимот кога функционираше институциите и владата на таков начин на исти стил како во време на режимот и груевизмот со кршење на Устав на закони со насилие, притисоци, уцени, закани и добро е што граѓаните денеска го гледаат тој ист стил, за жал, преку овие нови министри и функционери во преодната влада. И овој министер треба да знае дека потпишал заклетва во која се обврзува дека ќе го почитува Уставот и законот, како и правниот поредок на нашата земја. Моите информации говорат дека огромен број на овие назначувања се незаконски, поради тоа што прво го надминува бројот на 15 промени којшто може да ги прави во самото министерство, односно влегува во зголемувањето на тој број со своите одлуки што ги прави што значи дека го крши законот за влада, законот за внатрешни работи и подзаконските акти на овие закони, и дополнително за сите структури во МВР за различни единици и сектори постојат уредувања со различни прописи, подзаконски акти, којшто исто треба да се почитуваат. Како тоа дали се направени контроли физички, здравствени или дали се почитувани процедурите каде што треба тие промени да се направат, моите информации говорат дека станува збор за големи прекршувања не само на Законот за влада и Законот за внатрешни работи, туку и на многу суштински подзаконски акти со којшто се уредуваат различните постапки за вакви промени којшто треба да се прават или можат во рамки на законот да се прават во самото МВР.

Така што уште еден апел и до овој министер и до министерката Мизрахи пред се да го почитуваат Уставот, законите и правниот поредок на оваа држава при целото нивно функционирање и делување во рамки на институциите на Владата.

Гледаме дека за некои вакви постапки коишто деновиве ги гледаме од овие министри, не се случиле воопшто во овие две и пол години, не се случило во период на функционирање на одговорноста којашто ние ја носиме како Влада, ниту еден министер или функционер да оди со службено возило на приватни или партиски средби. Дајте ми еден пример каде што министер на СДСМ бил на некоја партиска средба во некоја општина, да се сретне со членство или да врши партиски обврски и притоа да иде со службено возило.

Навистина на граѓаните им се врати меморијата како функционираа, и како работеше режимот на Никола Груевски и тоа е истото она што го прават техничките министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

——————————————————————————————————————————————–

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close