Политички партии

СДСМ: Милијарда евра помош за економијата преку трите сета мерки на Владата

Владата предводена од СДСМ, преку трите сета мерки со вкупна вредност од милијарда евра или 10% од БДП, ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот.

16 мај 2020

Владата предводена од СДСМ, преку трите сета мерки со вкупна вредност од милијарда евра или 10% од БДП, ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот.

Мерките имаат за цел да им помогнат на што повеќе граѓани, да сочуваат што повеќе работни места, да ги поддржат компаниите, но и да постават темели за трансформација на економијата.

Вкупната вредност на мерките од третиот сет мерките ќе изнесува околу 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730,000 корисници.

За мерката „14.500 денари по вработен“, се поднесени 23.861 барања, а до 14ти мај, се исплатени преку 14,3 милиони евра на 10.103  фирми.

Во целост е реализирана и првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид1″, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени. Најголем дел – 77% од бескаматните кредити се за микро компании, 51% се од угостителтвото, а 43% од областа на транспортот.

Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации.

Економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

Се работи за долгорочен сет на мерки во кои се опфатени сите индустрии и граѓани погодени од кризата со коронавирусот а кои ќе овозможат модернизација, трансформација и конкурентност на македонската економија.

СДСМ како и досега, продолжува со одговорно и конструктивно делување за полесно надминување на последиците предизвикани од коронавирусот.

                                         Центар за комуникации

                     Социјалдемократски сојуз на Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close