Некатегоризирано

СДСМ: Мицкоски не знае ниту енергетика, ниту економија, знае само да брани криминали и свои бизнис интереси

Скопје, 8 септември 2020

Скопје, 8 септември 2020

Мицкоски е најнеспособниот директор на ЕСМ, неговите неодговорни политики ја направија државата зависна од увоз на струја и ги зголемија трошоците на граѓаните

Христијан Мицкоски е најнеспособниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ/ЕЛЕМ) кој со години водеше најлоша енергетска политика.

Во периодот дека директоруваше во ЕСМ и додека му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на елетричната енергија порасна за 100 отсто, а беше укината и дневната евтина тарифа на струјата.

Додека Мицкоски го водеше ЕСМ државата стана зависна од увоз на скапа елетрична енергија.

Наместо на граѓаните,тој мислеше само на своите бизниси со хидроцентралите кои ги доби од истата влада во која беше советник.

За разлика од таквиот неодговорен однос, денес државата води исправни енергетски политики со реформи признаени и од Енергетската заедница. Денес, ЕСМ не купува електрична енергија, туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше.

Денес, пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата и преку моделот на универзален снабдувач се штитат граѓаните од пазарен ценовен шок.

Цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар е поевтина за 55 отсто од цената на слободниот пазар.

Концептот што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар и воведувањето на Универзалниот снабдувач беа одобрени од Енергетската заедница.

Мицкоски не знае ниту енергетика, ниту економија, знае само да брани криминали и свои бизнис интереси. Затоа беше казнет од граѓаните и затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close