Политички партии

СДСМ: Мицкоски може да презентира мерки само за обнова на режим и поскапување струја

Извршителот на осудениот криминалец Никола Груевски, може да презентира мерки само за обнова на режим, поскапување струја, изолација и Белизе оф шор криминални шеми.

Скопје, 9 февруари 2020

Извршителот на осудениот криминалец Никола Груевски, може да презентира мерки само за обнова на режим, поскапување струја, изолација и Белизе оф шор криминални шеми.

Режимот ги осиромаши граѓаните и фирмите а во бомбите се слушна целата вистина за „пиштење вриштење“ хајките и казните кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше за затворање на голем број фирми.

Најнеуспешниот директор на ЕСМ на сите времиња, извршителот Мицкоски, има најлош резултат во енергетиката а струјата ја поскапе за 100%.

Денеска, бизнисот живее, нема веќе пиштење вриштење, секој работи без притисоци и слободно се натпреварува на пазарот а фирмите добиваат силна поддршка од државата.

Од -1,8% во времето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ економијата сега со СДСМ има раст на економијата до +4.1%

Со поддршка од 50 милиони евра за компаниите СДСМ за само 2,5 години отвори три пати повеќе работи места од ВМОР-ДПМНЕ која потроши 250 милиони евра.

Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата Херитиџ“ нашата држава е најслободна економија во регионот рангирана на 33. место во светот според индексот на економски слободи.

Извршителот Мицкоски знае само да поскапува струја и да прави штета на државата. Затоа го очекува пораз на 12 април!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close