Политички партии

СДСМ: Мицкоски да престане да ги истура своте фрустрации врз граѓаните и врз здравствениот систем

Мицкоски да престане да ги истура своте фрустрации врз граѓаните и врз здравствениот систем, ниту еден политичар се нема однесувано така срамно во време на криза.

Скопје,29 март 2020

Мицкоски да престане да ги истура своте фрустрации врз граѓаните и врз здравствениот систем, ниту еден политичар се нема однесувано така срамно во време на криза.

Цела нација се бори со опасен вирус, само Мицкоски се бори за партиски профит. Тој уште еднаш покажа дека го интересираат само лични и партиски интереси, дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив.

Мицкоски е заинтересиран само за неговата фотелја во раскошната палата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не сака да чуе ништо за здравјето на македонските граѓани.

Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза. Во ниту една земја опозицијата во овие времиња не тера теснопартиска политика. Само ВМРО-ДПМНЕ секој ден продолжува со партиски препукувања и обвинувања, без ниту еден факт или доказ за изнесените клевети.

Граѓаните, јавноста, го ценат ваквото однесување на Мицкоски кој се профилира како главен антидржавен и антинароден протагонист.

Кога веќе не е способен да помогне, Мицкоски да престане да ги напаѓа институциите, да престане да ги истура своите фрустрации, да престане со очајните обиди да профитира во време на општа здравствена криза.

Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, а не борба за твојот политички опстанок.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close