Политички партии

СДСМ: Криминалниот проект Скопје 2014 е опасен и ги загрозува граѓаните, со Законот за ЈО одговорност ќе има за оние што смислиле и направиле

Се уште се чувствуваат последиците од криминалното и неодговорно работење на ВМРО-ДПМНЕ, и бегалецот од правдата Никола Груевски, кој потроши милиони евра народни пари за проектот Скопје 2014, составен од лажен барок, жални врби и споменици.

Скопје, 27 февруари 2020

Криминалниот проект Скопје 2014 не го издржа ниту налетот на ветрот и барокните фасади од стиропор почнаа да летаат, загрозувајќи ги граѓаните.

Усвојувањето на Законот за ЈО, кој обезбедува продолжување на предметите на СЈО, меѓу кои и предмети поврзани со проектот Скопје 2014.

Одговорност ќе има за оние кои го смислиле и направиле криминалниот проект Скопје 2014, кој се покажа дека е опасен и по животот на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close