Политички партии

СДСМ: Изгубената ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да шири лажни вести и шпекулации

ВМРО-ДПМНЕ во период на најгололемата криза, која му се заканува на јавното здравје остануваат изгубени во својата неспособност, без став за вонредната состојба во земјата, исплашени од свикувањето на Собранието, воопшто без ниту еден конструктивен предлог.

Скопје, 25 април 2020 
ВМРО-ДПМНЕ во период на најгололемата криза, која му се заканува на јавното здравје остануваат изгубени во својата неспособност, без став за вонредната состојба во земјата, исплашени од свикувањето на Собранието, воопшто без ниту еден конструктивен предлог.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прави она што единствено го знае, да ја манипулира јавноста, да шири страв и паника и секојдневно објавува лажни вести.
Сега генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев од Белиот дворец продолжува со лажни тврдења за наводно скандалозен тендер во ЈП Дрисла.
Договорот за ЈП Дрисла, за кој Јанушев помпезно најавува дека е скандалозен, всушност е затекнат договор, склучен од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, додека расипнички управуваше со депонијата. Договорот е само продолжен до завршување на јавната набавка.
Уште една невистина во низата лаги на ВМРО-ДПМНЕ е дека со тендерот се извлекуваат пари од буџетот, напротив цената со која е склучен договорот е за 10% пониска од претходната.
Наместо политиканство, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред јавноста зошто се обиде криминално да ја приватизира Дрисла и зошто во меѓувреме го уништила возниот парк и машинеријата на Дрисла, а одбрала да испумпува финансиски средства од претпријатието со склучување на договори за изнајмување на градежни машини од надвор.
Граѓаните знаат дека во овој тежок период владата предводена од СДСМ ги презема сите мерки, првенствено за заштита на јавното здравје, како и за зачувување на работните места и ублажување на ударот врз економијата, a ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди, освен тешки лаги и неодговорно, однесување.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close