Политички партии

СДСМ: Исправните политики на СДСМ ја обезбедија македонската иднина, со укинувањето на Преспанскиот договор нема НАТО, нема ЕУ перспектива, се враќаме назад

Скопје, 20 јануари 2020

Скопје, 20 јануари 2020

 ВМРО-ДПМНЕ не се менува и продолжува со нивната деструктивна политика која земјава ја држеше заробена и изолирана со години.

Потврда за тоа се нивните јавни и јасно изразени ставови, меѓу кои и укинувањето на Договорот од Преспа доколку освои 2/3 мнозинство на престојните избори.

Токму ова ветување на ВМРО-ДПМНЕ, би не вратило најмалку 25 години наназад и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на меѓународен план, на сметка на уставното име.

Тоа би значело автоматско укинување на нашето членство во НАТО и губење на ЕУ перспективата, но значи и изгубени милијарди евра странски инвестиции и уништување на иднината на нови генерации.

Уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во нивната деструктивна, груевистичка матрица.

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не успеа да испреговара со Грција решение во кое истовремено ќе се признae етничкиот идентитет на Македонците, македонско државјанство, македонскиот јазик, и ќе се зачуваат кодовите „мкд и мк“.

Наспроти неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ да направи нешто за државата и граѓаните, СДСМ со самото доаѓање на власт успеа да го реши она што за ВМРО-ДПМНЕ беше  „нерешливо“.

СДСМ и  Владата која ја предводи успеа да постигне договор со Грција,  договор поздравен од целата меѓународна и домашна демократска јавност, како наш и европски успех и признаен како пример за Балканот и светот за решавање проблеми по мирен пат со дијалог.

Денес, македонската иднина е обезбедена, а гарант за тоа се граѓаните, СДСМ и историскиот Договор од Преспа

Укинувањето на Договорот од Преспа е опасност за државата, a сите што заговараат укинување на Договорот заговараат опасност за државата.

Затоа на 12 април граѓаните ќе им порачаат на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема враќање назад во темното минато, туку напротив да продолжиме да чекориме напред, патот кој го започнавме, патот кон градење на просперитетна, европска држава со еднаква шанса за сите граѓани!

На 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повторно!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close