0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

СДСМ и ДУИ ги продолжуваат преговорите, се усогласува владината програма и распределба на одговорности во ресорите

И денеска продолжуваат конструктивните работни средби меѓу СДСМ и Коалиција "Можеме" и ДУИ, на ниво на генерални секретари, со цел обезбедување стабилна Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги испорача и оствари сите очекувани услуги и цели на граѓаните.

Скопје, 16 август 2020 (МИА) – И денеска продолжуваат конструктивните работни средби меѓу СДСМ и Коалиција “Можеме” и ДУИ, на ниво на генерални секретари, со цел обезбедување стабилна Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги испорача и оствари сите очекувани услуги и  цели на граѓаните.

Како што соопти СДСМ откако двете партии ги утврдија коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка влада, денеска се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада, во целост посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите.

Во тек е, се наведува, и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој се постигнати добар напредок и начелни согласности.

-Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите. Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор, стои во соопштението од СДСМ. вг/

 

Back to top button
Close
Close