Политички партии

СДСМ: Довербата во полицијата расте, институциите денес слободно си ја вршат работата

Ништо ново од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат заглавени во нивната матрица на мешање и диригирање на партизираните институции и партиските војници од нивно време.

Скопје, 20 декември 2019

Ништо ново од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат заглавени во нивната матрица на мешање и диригирање на партизираните институции и партиските војници од нивно време.

Ова ли е обновата на Македонија која ВМРО-ДПМНЕ им ја продаваат на граѓаните?  Вака само потврдуваат дека се за обнова на режимот и враќање на старите навики на мешање во работата на институциите и давање на налози како да работат истите.

ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се меша во нивното работење, да ги остави надлежните органи да си ја вршат работата.

Затоа што времето на грубо мешање во работата на надлежните органи заврши со заминувањето на режимската ВМРО-ДПМНЕ. Денес, институциите се слободни да си ја вршат работата и тоа го прават професионално , транспарентно и отчетно.  

Дека довербата во полицијата расте и граѓаните денес се чувствуваат многу побезбедно од времето на ВМРО-ДПМНЕ  потврдува и најновата анкета на ОБСЕ.

Според неа, бројот на задоволни граѓани од работата на полицијата е значително зголемен во однос на резултатите од 2017 година и изнесува 55 отсто, а целокупната доверба во полицијата е 53 отсто и тоа е зголемување од 7 отсто во однос на испитувањето во 2017 година кога изнесувала 46 отсто.  Според истото истражување  8 од 10 испитаници се чувствуваат безбедно.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее фијаско на изборите во април. Затоа што граѓаните нема да ја  поддржат обновата на режимот.

Наспроти ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ продолжува да работи за интересите на граѓаните и државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close