Политички партии

СДСМ доследно ги реализира стратешките реформи за членство во НАТО, обезбедува подобри услови за работа во Армијата

Измените во Законот за служба во Армијата усвоени на предлог на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.

Скопје, 21 јануари 2020

Измените во Законот за служба во Армијата усвоени на предлог на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.

Со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.

Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.

Измените на Законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

СДСМ доследно ги реализра стратешките реформи кои се дел од процесот за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО.

На прав пат сме!

СДСМ, Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close