Политички партии

СДСМ:Денеска е денот Д за ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе застане зад криминалот или зад Законот за јавно обвинителство

Предлог законот за јавно обвинителство од  денеска е во собраниска процедура и закажана е јавна дебата во Комисијата за политички систем. Ова е последен повик до деструктивната партија ВМРО ДПМНЕ да престане да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави со Законот за Јавно обвинителство.

Скопје, 28 јануари 2020

Предлог законот за јавно обвинителство од  денеска е во собраниска процедура и закажана е јавна дебата во Комисијата за политички систем.

Ова е последен повик до деструктивната партија ВМРО ДПМНЕ да престане да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави со Законот за Јавно обвинителство.

На Христијан Мицковски му е јасно дека предложеното законско решение ја засилува борбата против криминалот и корупцијата и ја гарантира евроатлантската интеграција на државата. Но, тоа не му одговара затоа што опструирањето на законот од нивна страна е токму заради криминалот во нивните редови и заради политиката на изолација на која ја практикуваат.

Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства, само ВМРО ДПМНЕ се противи.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот.

ВМРО ДПМНЕ заедно со обвинети и осомничени партиски фунционери, како и пратеници, прават се да ја загрозат правната држава и владеењето на правото. Само ним не им одговара да продолжат предметите на СЈО и тоа е главната причина поради која се противат на законот.

Иако знаат дека на 12-ти април граѓаните ќе им нанесат уште еден пораз, сепак ВМРО ДПМНЕ нека престане да биде најголемиот кочничар во државата и нека демонстрира демократски и државнички капацитет и нека гласа за законот за ЈО, а со тоа да и помогне на државата во градењето правна држава и европска иднина.

СДСМ/Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close