Политички партии

СДСМ: БДП повисок за 3,6 отсто, мерките и политиките ја надминаа проекцијата и градат стабилна економија

Мерките и политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев во континуитет покажуваат успешност. Државниот завод за статистика ги објави податоците за растечкиот тренд на бруто-домашниот производ (БДП), кој во последниот квартал на 2019 година во однос на истиот квартал во 2018 година, е повисок за 3,4%, а вкупниот раст на БДП за 2019 година изнесува 3,6% што ја надминува проектираната стапка од 3,5%.

Скопје, 9 март 2020

Мерките и политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев во континуитет покажуваат успешност.

Државниот завод за статистика ги објави податоците за растечкиот тренд на бруто-домашниот производ (БДП), кој во последниот квартал на 2019 година во однос на истиот квартал во 2018 година, е повисок за 3,4%, а вкупниот раст на БДП за 2019 година изнесува 3,6% што ја надминува проектираната стапка од 3,5%.

Со ова се потврдува дека економските политики на Владата предводена од СДСМ  дадоа дополнителен импулс за позитивните економските параметри.

Значителниот раст на БДП не ја надмина само владината проекција, туку и таа на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка.

Уште еден илустративен податок за растот на БДП е дека Северна Македонија е на осмо место по раст, на табелата од 38 земји од Европската Унија и регионот, и тоа пред Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Словенија и други земји членки на унијата.

Економските и финансиските политики на Владата на Северна Македонија даваат резултати и го одржуваат трендот на стабилен раст на нашата економија. Така и ќе продолжиме во иднина.

Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 16,6%, додека вработеноста е на највисоко ниво досега од 47,9%. Споредено помеѓу последниот квартал во 2019-та и на истиот квартал во 2016-та, кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, има 76.255 повеќе вработени.

Владата на СДСМ успеа да ја стабилизира ставката на јавниот долг, при што долгот е помал од креираната нова вредност, односно под економскиот раст, додека растот на бруто-домашниот производ се реализира преку широк спектар на активности.

Сите овие позитивни бројки ги создадовме во скратен мандат од две и пол години. Во следниот мандат продолжуваме одговорно и посветено да се грижиме за економијата и за животниот стандард на граѓаните за да им обезбедиме поквалитетен живот во нашата држава.

СДСМ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close