Политички партии

СДСМ: Јанушев не може да понуди ништо ново освен криминал, корупција и злоупотреба на функцијата на штета на граѓаните

Целосно безидејна и заробена од криминалните структури, ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните освен добропознатите извршители на бегалецот од правдата Никола Груевски.

Скопје, 11 март 2020

Целосно безидејна и заробена од криминалните структури, ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните освен добропознатите извршители на бегалецот од правдата Никола Груевски.

Наместо визија за просперитет и напредок, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на граѓаните во третата изборна единица им го понуди Игор Јанушев, близок соработник и продолжена рака на Груевски, директно поврзан со режимот и неговото криминално владеење.

Јанушев не може да понуди ништо ново освен криминал, корупција и злоупотреба на функцијата на штета на граѓаните.

Граѓаните добро се сеќаваат на неговото недомаќинско и криминално работење во времето кога беше директор на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.

Игор Јанушев е човекот кој што, преку набавката на двокатните автобуси за град Скопје од Кина, се сомничи дека направил штета на буџетот во износ од пет милиони евра.

Тој е дел од скандалозниот проект за изградба на „Панорамското тркало“ за 18,3 милиони евра.

Блискиот соработник на Груевски, кој се уште ги брани сите негови криминали и го брани незаконското богатење на ВМРО-ДПМНЕ, знае само да работи на штета на граѓаните и да краде народните пари.

За Јанушев демократија и чесно работење е кога неговата партија штанца лични карти во изборни цели, кога на сомнителен начин изнајмува автобуси на ЈСП Скопје за митинзи на ВМРО-ДПМНЕ.

За него правда е кога функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните блиски крадат и се богатат, но за тоа не одговараат.

За него правда е кога со криминал и злоупотреби ВМРО-ДПМНЕ станува најбогата партија во Европа, но за тоа нема одговорност.

Затоа со сили се трудеше случаите што ги покрена СЈО да не преминат во Јавното обвинителство и бараше амнестија за криминалните структури во ВМРО-ДПМНЕ.

Колку е деструктивен и неодговорен Јанушев говори фактот што додека сите институции се посветени на бескомпромисна борба против вирусот Ковид-19, тој заради партиски и лични цели неосновано го напаѓа министерот Венко Филипче и здравствените и институции.

ВМРО-ДПМНЕ со оваа понуда си обезбеди сигурен пораз на 12 април.

ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се минато и симбол на криминалот и неправдата.

Граѓаните ќе ги казнат овие политики и ќе го поддржат развојот, напредокот и чесните политики што ги нуди СДСМ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close