Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Сценографот Џидров донираше на МСУ дела од уметникот Симон Узуновски

Познатиот македонски сценограф Крсте Џидров – Џиби на Музејот на современа уметност му донираше серија концептуални дела од циклусот„Белешки“ на неодамна починатиот уметник Симон Узуновски (1949 – 2018).

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Познатиот македонски сценограф Крсте Џидров – Џиби на Музејот на современа уметност му донираше серија концептуални дела од циклусот„Белешки“ на неодамна починатиот уметник Симон Узуновски (1949 – 2018).

– Симе беше еден од моите најдобри другари. Пријателувавме уште од крајот на 70те години, од кога и датираат овие негови дела, кои за првпат беа изложени во галеријата „Кора“. Тој постојано се селеше и поради тие селидби, ги остави кај мене со цел да ги заштитам за да не ги оштети при транспорт. Не можам да кажам дека се во моја приватна сопственост, туку беа во долгогодишна привремена сопственост кај мене. По неговата смрт овие четири дела ги подарив на Музејот на современата уметност – Скопје со цел да ја дополнам колекцијата на оваа институција со уште дела од Узуновски, која пак трајно ќе ги заштити, вели Џидров.

Појавата на Симон Узуновски на македонската ликовна сцена во половината на седумдесетите години на минатиот век започнува со работата на слики во традицијата на апстрактниот експресионизам, по што набрзо следи неговиот интерес за концептуалистичките практики на темелно преиспитување на традиционалните сликарски и скулпторски медиуми.

Донацијата на Џидров ја збогатува колекцијата на дела на Узуновски во Музејот на современата уметност, во која влегуваат некои од неговите најзначајни дела со леплива лента, како што е „тркалајката“, Човек и птица, 8 колажи од циклусот Ливада и објектот Преспа. рп/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close