Svet.SlajderСветСвет.Портал

СБ на ОН парализиран за време на пандемијата со новиот коронавирус

Американското списание „Форин полиси“ објави дека Советот за безбедност при Обединети нации за време на пандемија е маргинализиран поради несогласувањата помеѓу САД и Кина за новиот коронавирус

Њујорк, 28 март 2020 (МИА) – Американското списание „Форин полиси“ објави дека Советот за безбедност при Обединети нации за време на пандемија е маргинализиран поради несогласувањата помеѓу САД и Кина за новиот коронавирус.

– СБ ја набљудува најголемата здравствена криза во последните сто години од страна, дебатирајќи за работата од далечина, изнесувајќи предлози за помош за организирање на одговор на пандемијата и во голема мерка игнорирајќи го апелот на генералниот секретар за прекин на судирите во сите делви на светот, наведува „Форин полиси“.

Според магазинот парализата е во момент кога САД вршат притисок врз СБ да усвои резолуција во која се обвинува Кина дека намерно го пуштила Ковид-19 во светот.

– Таквата иницијатива, што наизглед е дел од пошироката американска стратегија за отфрлање на одговорноста за сопствениот слаб одговор на ширењето на вирусот, сигурно ќе биде блокирана од Кина, која има право на вето, посочува „Форин полиси“.

Пасивноста на СБ е спротивна на неговиот одговор на меѓународните закани, од нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година врз САД до епидемијата на ебола во Западна Африка, кога администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се залагаше за испраќање на лекари и мировна мисија во регионо за сузбивање на болеста, од која починаа 10.000 луѓе.

Според „Форин полиси“, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш обидувајќи се да го пополни актуелниот политички вакуум апелираше за глобално помирување, што би овозможило земјите и бунтовниците да се посветат на борбата против Ковид-19. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close