СветСвет.Портал

Саудиска Арабија за хакирањето на телефонот на Безос: Апсурдни обвинувања

Саудиска Арабија денеска ги отфрли како апсурдни, медиумските наводи дека стои зад хакирањето на телефонот на сопственикот на Амазон, Џеф Безос.

Ријад, 22 јануари 2020 (МИА) – Саудиска Арабија денеска ги отфрли како апсурдни, медиумските наводи дека стои зад хакирањето на телефонот на сопственикот на Амазон, Џеф Безос.

„Гардијан“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Безос бил цел на хакери пет месеци пред убиството во 2018 година на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Според весникот, телефонот на Безос бил хакиран откако добил порака преку „WhatsApp“, испратена од личниот број на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

– Тврдењата во медиумите дека Кралството стои зад хакирањето на телефонот на Џеф Безос се апсурдни. Бараме да се спроведе истрага за утврдување на фактите, објави на Твитер саудиската Амбасада во САД.

Според резултатите од форензичката анализа, пораката била шифрирана и содржела заразени податоци.
Безос, кој е и сопственик на „Вашингтон пост“, до 1 мај 2018 година разменувал пријателска преписка, сè додека на телефонот не му стигнала датотека што не ја побарал од саудискиот принц, дознава „Гардијан“.

Од телефонот на Безос за неколку часа била преземени голема количина на податоци, но не се знае какви податоци биле преземени.

Новите информации можат да доведат до повторно отворање на истрага за активностите на Мухамед бин Салман и неговите блиски соработници пред убиството на Џамал Кашоги, кој беше новинар во „Вашингтон Пост“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close