Svet.SlajderСветСвет.Портал

Саудиска Арабија: Рестораните во иднина без одвоени влезови за мажи и за жени

- Рестораните во Саудиска Арабија повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи, соопшти Министерството за локален развој и рурални работи.

Ријад, 9 декември 2019 (МИА) – Рестораните во Саудиска Арабија повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи, соопшти Министерството за локален развој и рурални работи. Портпаролот на министерството рече дека новите регулативи не се обврзувачки, што значи дека рестораните можат да задржат посебни влезови доколку сакаат сопствениците.

Тој не кажа дали ќе биде укината распределбата на седиштата за мажи и жени.

Претходно, сите ресторани на Саудиска Арабија мораа да имаат посебни влезови за жени и мажи.

Според строгите регулативи во Саудиска Арабија, на мажите и жените кои не се во роднински врски, не им е дозволено да бидат заедно на јавни места, а специјалната верска полиција е одговорна за почитување на тие правила. зш/

Back to top button
Close
Close