СветСвет.Портал

Саудиска Арабија го прекина сообраќајот со девет земји поради ширењето на Ковид-19

Саудиска Арабија денеска ги укина воздушните и водените сообраќајни врски со девет земји, како мерка за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Дубаи, 9 март 2020 (МИА) – Саудиска Арабија денеска ги укина воздушните и водените сообраќајни врски со девет земји, како мерка за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Властите на Саудиска Арабија рано изутринава најавија прекинување на сите летови од и до Бахреин, Египет, Ирак, Италија, Кувајт, Либан, Јужна Кореја, Сирија и Обединетите Арапски Емирати поради ширењето на новиот коронавирус.

Саудиска Арабија претходно ги затвори копнените граници, а затворен е и пристапот до светите места во исламот поради загриженоста за Ковид-19. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close