СветСвет.Портал

Саудиска Арабија ја укинува казната со камшикување

Саудиска Арабија го укинува камшикувањето како вид казна, се вели во документ од највисокиот суд на кралството.

Ријад, 25 април 2020 (МИА) – Саудиска Арабија го укинува камшикувањето како вид казна, се вели во документ од највисокиот суд на кралството.

Во одлуката на Генералната комисија на Врховниот суд донесена овој месец, се вели дека казната со камшикување ќе биде заменета со затворска казна или парична казна или комбинација од двете.

Одлуката е продолжение на реформите во сферата на човековите права, воведени под водство на кралот Салман и непосредниот надзор на престолонаследникот Мохамед бин Салман, се вели во документот.

Камшикувањето во Саудиска Арабија се применува како казна за разни кривични дела, вклучувајќи и јавно опивање и вознемирување. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close