0_Спорт.ПорталФудбал

Сари: Поразот од Лацио не нè исфрли од колосек

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари очекува неговиот тим да се врати на победите и во Серија А, откако со триумф над Баер Леверкузен ги заврши настапите во групната фаза од Лигата на шампионите.

Торино, 12 декември 2019 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари очекува неговиот тим да се врати на победите и во Серија А, откако со триумф над Баер Леверкузен ги заврши настапите во групната фаза од Лигата на шампионите.

  • Натпреварот со Баер немаше резултатска важност за нас, но беше важен за враќање на самодовербата во тимот. Покажавме дека не изгубивме концентрација, по поразот од Лацио во првенството. Тој „кикс“ не нè исфрли од колосек. Благодарен сум на тимот што одигра добро, и покрај голем број промени во составот. Сега ни преостанува да одиграме добро на следниот меч, против Удинезе викендот што следи, на домашен терен, изјави Сари.

По 15 кола во италијанската Серија А, Јувентус е втор со 36 бода, два помалку од лидерот Интер. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close