0_Спорт.ПорталФудбал

Сари по поразот од Лацио: Црвениот картон смени сè

Тој смета дека вистинската одлука во ситуацијата со Куадрадо, беше да добие жолт картон.

Рим, 8 декември 2019 (МИА) – Првиот пораз во сезоната на Јувентус не го загрижи премногу тренерот на тимот, Маурисио Сари. „Бјнаконерите“ беа поразени со 1-3 од Лацио, а Сари рече дека клучен момент на натпреварот бил црвениот картон на Хуан Квадрадо.

– Игравме многу добро во првото полувреме, но дозволивме на домаќините да изедначат непосредно пред паузата, што беше непријатно. Имаше неколку важни епизоди во второто полувреме кои не беа во наша полза. Додека екипите имаа 11 играчи, ние игравме на ниво. Потоа плативме за нашите грешки. Трениравме како да се браниме во статични ситуации, но не ја завршивме нашата работа, рече Сари.

Тој смета дека вистинската одлука во ситуацијата со Куадрадо, беше да добие жолт картон.

– Но не можеме да влијаеме на тоа. Наша вина е затоа што сами се доведовме до тоа да дојде до фаулот. Црвениот картон смени сè. Пред тоа игравме стабилно и можевме да поведеме со 2-0 по ударот со глава на Кристијано Роналдо. Загубивме, но видовме и прилично позитивни работи во нашата игра, додаде Сари.

Таг
Back to top button
Close
Close