0_Спорт.ПорталФудбал

Сари: Не можеме да играме со Роналдо, Дибала и Игуаин во исто време

Коментарот дојде по прашање на новинар, по разочарувачкото реми од 2:2 на стадионот „Алијанц“ против Сасуоло пред една недела.

Торино, 6 декември 2019 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, прокоментира дека тројцата офанзивни играчи на „бјанконерите“ Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Гонзало Игуаин не можат да бидат на теренот во исто време.

Коментарот дојде по прашање на новинар, по разочарувачкото реми од 2:2 на стадионот „Алијанц“ против Сасуоло пред една недела.

Италијанскиот менаџер го остави Дибала на клупата, кој е во одлична форма, и донесе одлука да започне во напад со Роналдо и Игуаин.

– Многу е тешко во моментов да се игра со тројца во напад бидејќи секој од тројцата е различен тип напаѓач. Не можам да го натерам Дибала да не оди напред, додека Роналдо не е навикнат да игра премногу централно. Треба да направиме некои промени за да имаме повеќе играчи во шеснаесетникот, рече Сари.

Минатонеделното реми со Сасуоло значеше и второ место во пласманот за Јуве во Серија А. Овој викенд „старата дама“ ќе се соочи со многу посериозен тест откако екипата ќе го посети „Олимпико“ и ќе игра против Лацио. „Орлите“ се во одлична форма и моментално го заземаат третото место во пласманот, откако се во серија од 5 последователни успеси во Калчото.

Таг
Back to top button
Close
Close