0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сари: Да сакаа да ме отпуштат, ќе се знаеше до сега

Во петок вечер италијанските шампиони се сретнуваат со францускиот тим во реванш натпревар од осминафиналната битка од Лигата на шампиони. „Бјанконерите“ заостануваат со 0:1 во вкупниот резултат и им треба победа.

Торино, 6 август 2020 (МИА) – Главниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, не го прифаќа претстојниот реванш против Лион како решавачки за неговата иднина во клубот.

Во петок вечер италијанските шампиони се сретнуваат со францускиот тим во реванш натпревар од осминафиналната битка од Лигата на шампиони. „Бјанконерите“ заостануваат со 0:1 во вкупниот резултат и им треба победа.

Медиумите во Италија не престануваат да шпекулираат дека Сари би можел да биде ослободен доколку тој не продолжи понатаму.

– Јуве е сериозен клуб и неговите лидери не се аматери. Ако сакаа да го сменат менторот, тие веќе ќе ја донесеа одлуката. Би било навредливо за газдите да мислат дека такво нешто се решава на база на претстојната средба, рече тренерот на Јуве.

Таг
Back to top button
Close
Close