Општински вестиСкопје

Санкционирани 370 непрописно паркирани возила изминатата недела во Општина Центар

Вкупно 370 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Вкупно 370 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

– Во периодот од 27 јануари до 2 февруари годинава, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП „ПОЦ“ отстранети се 199 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 171 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани, соопшти претпријатието.

Оттаму посочуваат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

– Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се вели во соопштението. мс/са/

Back to top button
Close
Close