ХроникаХроника.Портал

Санкционирани 257 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Велес и скопската обиколница

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 02,03, 04 и 05 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 257 прекршоци, соопштија од МВР.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 2, 3, 4 и 5 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 257 прекршоци, соопштија од МВР.

– Пет возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а 45 возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираа од МВР. оџ/са/

Back to top button
Close
Close