ХроникаХроника.Портал

Санкции за шест лица од Штип за непочитување на полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Штип.

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Штип.

-Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила бил полицискиот час, информираат од обвинителство.

За стореното кривично дело, обвинителството му предложи на Судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​. оџ/са/

Back to top button
Close
Close