Дописници МКДОпштински вести

Санкции за непочитување на новото работно време, низ Полог засилени контроли на полицијата и пазарниот инспекторат

Новото работно време на угостителските објекти, казина и обложувачници низ Полог, кое е дел од мерките на одлуката на Владата ќе го контролираат полицијата и пазарниот инспекторат. За непочитување, ќе има санкции, информираат од СВР Тетово.

Гостивар, 13 март 2020 (МИА) – Новото работно време на угостителските објекти, казина и обложувачници низ Полог, кое е дел од мерките на одлуката на Владата ќе го контролираат полицијата и пазарниот инспекторат. За непочитување, ќе има санкции, информираат од СВР Тетово.

СВР Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје целосно и доследно да ги почитуваат владините одлуки и препораки, кои се однесуваат на коронавирусот, чија цел е заштита на здравјето на населението.

– Посебно се апелира до сопствениците на угостителски објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина и спортски обложувалници задолжително да го почитуваат работното време до 18 часот. Почитувањето на оваа владината одлука ќе се контролира во координација со Државниот пазарен инспекторат и веднаш ќе се преземаат законски предвидените санкции, наведуваат од СВР Тетово. згм/мс/

 

Back to top button
Close
Close