Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Санкции за нелегалните такси превозници во Струга

Осум лица од Струга и струшко заработиле кривични пријaви за вршење такси превоз без поседување лиценца во текот на изминатата година. При спроведување редовни контроли на стариот пат Охрид-Струга, минатата недела полицијата затекнала 81- годишно лице од струшкото село Радолишта при нелегално вршење јавен такси превоз. Без соодветна дозвола за такси дејност е затекнат и 53-годишен стружанец.

Струга, 4 февруари 2021 (МИА) – Осум лица од Струга и струшко заработиле кривични пријaви за вршење такси превоз без поседување лиценца во текот на изминатата година. При спроведување редовни контроли на стариот пат Охрид-Струга, минатата недела полицијата затекнала 81- годишно лице од струшкото село Радолишта при нелегално вршење јавен такси превоз. Без соодветна дозвола за такси дејност е затекнат и 53-годишен стружанец.

– При спроведени контроли во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрира две лица кои вршат јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган. На булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнат е патнички автомобил „Сеат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.П.(53) од Струга, а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници со патнички автомобил „Нисан“ со струшки таблици, затекнат е и С.Т.(81) од струшкото село Радолишта, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Таканаречените диви такси превозници најчесто поаѓаат од „селската“ автобуска постојка во Струга, кон струшките села и кон Охрид. Патниците ги превезуваат по цена од автобуски билет, што претставуваат нелојална конкуренција на компаниите, кои легално ја вршат дејноста за превоз на патници. Во возилата кај овие превозници, кои најчесто се патнички моторни возила или мини комбиња, според полицијата, често може да се затекнат и повеќе патници од дозволеното, со што се загрозува нивната безбедност и се прекршуваат здравствените протоколи за заштита од Ковид 19.

– Полициските контроли ќе продолжат и во иднина, со цел елиминирање на нелегален такси превоз на патници. Санкции ќе има за возачите кои ќе се затекнат дека возат такси превоз без соодветна лиценца и непочитување на здравствените протоколи, но и кон правниот субјект, односно такси компанијата, која овозможува нелегален такси превоз, истакна Димоски.

Против лицата, кои ќе бидат затекнати во вршење такси превоз без лиценца, ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/ев/

Back to top button
Close
Close