Дописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Санкции за 17 возачи на мотоцикли на територија на СВР Тетово

На подрачјето за СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден во периодот од 19.00 до 24.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 17 возачи. Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење.

Скопје, 2 август 2021 (МИА) – На подрачјето за СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден во периодот од 19.00 до 24.00 часот спроведена е  зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 17 возачи. Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за како што се наведува, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. вг/

Back to top button
Close
Close