Дописници МКДОпштински вести

Санирани полски патишта во селата Богородица и Прдејци

Со изведба на тампонирањето, вработените на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во соработка со општина Гевгелија, завршија со целосната санација на полските патишта во атарите на селата Богородица и Прдејци.

Гевгелија, 12 јуни 2020 (МИА) – Со изведба на тампонирањето, вработените на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во соработка со општина Гевгелија, завршија со целосната санација на полските патишта во атарите на селата Богородица и Прдејци.

Со помош на механизација прво беа расчистени, а потоа и проширени полските патишта во двете населени места со цел на земјоделците да им се олесни пристапот до обработливите земјоделски површини во подрачјата во кои сè уште се одвива интензивна земјоделска дејност.

– -Се трудиме и настојуваме на локалните земјоделци да им обезбедиме соодветни услови за работа и непречено производство на храна. Водиме грижа за решавање на проблемите кои се појавуваат во најразвиената стопанска гранка во нашето поднебје, истакна градоначалникот Сашо Поцков.

Тој посочи дека со оваа акција општината ќе им излезе во пресрет на барањата на земјоделците и од останатите населени места во гевгелиско. им/ир

Таг
Back to top button
Close
Close