Дописници МКДОпштински вести

Санирање на патот од село Ресава до заливот на Тиквешко Езеро

Се санира патот од село Ресава до заливот на Тиквешко Езеро, информираат  од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 2 февруари 2021 (МИА)- Се санира патот од село Ресава до заливот на Тиквешко Езеро, информираат  од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Станува збор за проширување и тампонирање на патот. На оваа локација се наоѓаат околу 100 викендици кои сега ќе имаат побезбеден пристап. Овој проект е донација од општествено одговорната компанија ,,Кожувчанка”,  во вредност од еден милион денари, велат од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додаваат дека на оваа локација, во наредниот период, Општина Кавадарци ќе постави и нова водоводна линија.свд/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close