0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Санчо сака да игра за Манчестер Јунајтед

Според информациите од Борусија, тие сакаат над 100 милиони евра за нивната ѕвезда, што засега е одбиено од Јунајтед, кои во моментот не се подготвени да дадат толку многу пари.

Дортмунд, 5 јули 2020 (МИА) – Sвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Саннчо, сепак сака да игра за Манчестер Јунајтед. 20-годишниот фудбалер е главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“, но англискиот тим ќе мора да постигне договор со „жолто-црните“ за висината на трансферот, вели Фабрицио Романо.

Според информациите од Борусија, тие сакаат над 100 милиони евра за нивната ѕвезда, што засега е одбиено од Јунајтед, кои во моментот не се подготвени да дадат толку многу пари.

За Санчо, кој има договор со „жолто-црните“ до 2022 година, се заинтересирани и Ливерпул и Челси.

Таг
Back to top button
Close
Close