0_Спорт.ПорталФудбал

Санчо е подготвен да се врати во Манчестер сити

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти клубот на крајот на сезоната. Тој е подготвен да се врати во Манчестер сити, за што зборуваше порано, секако доколку пристигне понуда од премиерлигашот, тврди „Сан“.

Лондон, 15 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти клубот на крајот на сезоната. Тој е подготвен да се врати во Манчестер сити, за што зборуваше порано, секако доколку пристигне понуда од премиерлигашот, тврди „Сан“.

Главниот кандидат за играчот е Манчестер јунајтед. Борусија бара за трансферот 115 милиони фунти, но Јунајтед не се подготвени за ваква сума.

Дваесетгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 41 натпревар за Борусија и постигна 20 голови со 20 асистенции.

Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 117 милиони евра. Договорот на играчот важи до летото 2022 година.

Санчо играше за Манчестер сити од 2015 до 2017 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close