0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Санчо доаѓа на „Олд Трафорд“ само под еден услов

Санчо е главната трансфер цел на „црвените ѓаволи“ и за нив се смета дека се подготвени да му дадат неверојатна плата од 400.000 фунти неделно за да го направат тој трансфер. Сепак, самиот Англичанец очигледно има и други барања.

Дортмунд, 5 април 2020 (МИА) – Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо веројатно ќе го одбие трансферот во Манчестер Јунајтед доколку тимот не успее да се пласира во Лигата на шампионите следната година.

Санчо е главната трансфер цел на „црвените ѓаволи“ и за нив се смета дека се подготвени да му дадат неверојатна плата од 400.000 фунти неделно за да го направат тој трансфер. Сепак, самиот Англичанец очигледно има и други барања.

Според „Сан“, техничарот има сериозни сомнежи за доаѓање во Манчестер, доколку Јунајтед не успее да се квалификува во групите на најпрестижниот европски клупски турнир. Екипата во моментов е рангирана на 5-то место во Премиер лигата, на само 3 бода заостанување од четвртиот Челси. Сепак, пандемијата од коронавирус во моментов го доведува во прашање завршувањето на првенството.

Во краен случај, можно е и ова 5-то место да биде доволно ако се потврди казната на Манчестер Сити за не учество во ЛШ во наредните две сезони.

Таг
Back to top button
Close
Close