0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Санација на полските патишта во Богородица и Прдејци

Општина Гевгелија во соработка со јавното претпријатие „Комуналец“ ја почна акцијата за тековно одржување и санација на постојните полски патишта во атарите на селата Богородица и Прдејци.

Гевгелија,19 мај 2020 (МИА) – Општина Гевгелија во соработка со јавното претпријатие „Комуналец“ ја почна акцијата за тековно одржување и санација на постојните полски патишта во атарите на селата Богородица и Прдејци.

Со расположливата механизација комуналците од Гевгелија прво се расчистија, па потоа проширија и тампонираа полските патишта со цел да се олесни пристапот до нивите во подрачјата каде моментно се одвива интензивна земјоделска дејност, велат од комуналното претпријатие.

– Општина Гевгелија, согласно годишната програма за одржување на локалните патишта, ќе помага во приспособувањето на оштетените полски патшта во сите населени места. Овие активности за тампонирање на полските патишта, секаде кај што ќе има потреба, се од голема важност за земјоделците кои ќе имаат полесен пристап до нивите и ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа, истакна гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков. им/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close